И самите не сме свесни дека со некои постапки го оштетуваме нашето тело. Следуваат осумте највообичаени здравствени грешки кои ги правиме несвесно:
1. ВКРСТУВАЊЕ НА НОЗЕТЕ
Дали ги вкрстувате нозете над колената кога седите? Иако веруваме дека ова е елегантен начин на кој секоја дама треба да седи, седењето со вкрстени нозе ја намалува циркулацијата во истите. Ако не сакате проширените (варикозни) вени да ја оцрнат убавината на вашите нозе и да го оштетат вашето здравје, секој пат кога ќе сфатите дека имате едно колено на врвот на другото, поставете ги нозете право.
Најдобар начин за седење е едноставно поставување на двете нозе заедно на подот, со што подеднакво ја балансирате тежината. Ако чувствувате дека морате да смените позиција, наместо да ги вкрстите, едноставно поставете ги нозете заедно на друга страна.
Како алтернатива, може лабаво да се вкрстат нозете во зглобовите. Ова е класично елегантен начин на седење и е далеку подобар за вашите нозе и вашето здравје отколку седењето со вкрстени нозе во колената.
2. РЕТКО МЕНУВАЊЕ НА ЧЕТКАТА ЗА ЗАБИ
Колку често ја менувате вашата четка за заби? Повеќето од нас чекаат додека поголемиот дел од влакната паднат или се во толку лоша состојба, што би се срамеле да ја покажеме нашата четка во јавност. Сепак, бидејќи најчесто нема потреба од покажување на нашата четка во јавноста, продолжуваме да ја користиме излитената уште долго време.
Менувајте ја четката за заби често. Оштетените влакна ги оштетуваат енамелот и гингивите. Користете четка со помеки влакна, доколку вашиот стоматолог не ве советува поинаку.
3. ЧЕСТО ЈАДЕЊЕ ВО РЕСТОРАНИ
Има масти кои се штетни, а и такви кои не се. Сепак, без разлика колку се помалку штетни, не е добра идеа да се внесуваат во големи количини. Зголемениот внес на масти со исхраната го оштетува кардиоваскулаторниот систем.
Избегнувајте пржена храна. Избегнувајте јадење во ресторани кои користат големи количини масло за припремање на храната. Јадете само во ресторани кои служат лесна и здрава храна.
4. ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ПОЈАДОКОТ
Никогаш не го избегнувајте појадокот. Потсетете се дека кога ќе станете наутро, поминале 10-12 часа од последниот оброк. Вашето тело тогаш има потреба од храна повеќе од кога и да е.
Јадете обилно за појадок. Цел ден ќе бидете зафатени на работа па калориите брзо ќе се потрошат.
Прескокнувањето на појадокот често потоа доведува до прејадување за време на наредните оброци. Ако сте на диета за слабеење вечерајте лесно, но не го прескокнувајте појадокот.
5. ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ
Точно е дека високите потпетици изгледаат одлично, но тие се штетни за грбот. Ова сепак не значи дека треба да се бега од високите потпетици како од ѓавол. Носете ги, но избегнувајте ги кога знаете дека треба долго време да се движите или да стоите на нозе.
Носете ги кога ќе излезете на ручек или вечера, кога единственото движење што ќе го изведете е она од вашиот автомобил до масата и назад. Избегнувајте ги кога треба да пешачите.
Има ли нешто што не ви се допаѓа на вашите ниски чевли? Инвестирајте во нов убав пар ниски чевли или чевли со ниска штикла. Некои кои ќе уживате да ги носите. Ако е можно, купете и чанта која се совпаѓа со нив и тогаш ќе уживате во вашите ниски чевли повеќе отколку што мислите.
6. СПИЕЊЕ НА МЕКА ПОСТЕЛА
Иако помислата за „потонување“ во мека постела на прв поглед изгледа многу пријатна, таа е штетна за грбот. Тоа не значи дека треба да спиете на подот за да бидете благонаклонети кон вашиот грб, но потрудете се да спиете на потврда постела.
Доколку вашиот кревет е стар и даските под јогата се разместени, земете нов и вашиот врат и грб ќе ви бидат благодарни.
Истото правило се однесува и за софата. Доколку минувате часови седејќи во вашата софа, потрудете се таа да биде тврда и удобна. Меките софи во кои комплетно „пропаѓате“ не се најдобра идеа.
7. ПЕРНИЦИ
Без разлика колку ви изгледа удобно спиењето на десетина перничиња, имајте милост кон вашиот врат и одбијте ја таа идеа. Таквото спиење доведува до оштетувања на вратот и ‘рбетот.
Спијте на една перница и гледајте да не биде многу висока. Земете ниска перница доколку спиете на стомак и нешто повисока ако спиете на грб, да пружите адекватна поддршка на вратот.
8. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ
Значи, сите ние знаеме дека треба да вежбаме повеќе, но малкумина од нас всушност вежбаат. Ова е здравствена грешка која ние свесно ја правиме!
Зошто е тоа така? Едноставно, одбиваме да ја признаеме штетата што ја предизвикуваме на нашите тела со физичката неактивност. Голем број луѓе почнуваат да вежбаат само кога ќе доживеат предупредувачки сигнал. Не чекајте да се случи срцев удар пред да одлучите да го смените животниот стил. Направете го тоа сега.
Не мора да се спремате за учество на маратон да бидете во топ форма. Половина час брзо одење, 3-4 пати неделно ќе направи огромна разлика во вашето здравје. Потоа можете и почесто, до 40 минути, четири пати неделно.
Ако сте физички неактивни веќе една недела, правите грешка.
Извор: doktori.mk
Tweet