Check it out , there is some news in the tourist section >

Стевче Јакимовски води, Коневски втор, Сарај на дното

Веќе сме на крајот на оваа година и се на свој начин се подготвуваме за новата 2013-та. Ова ќе биде година која во скопските општини ќе донесе многу сериозни промени, на подобро или на полошо....времето ќе покаже. Токму поради тоа, Скопјеинфо започна анкета на која заедно ќе ја оценуваме работата на скопските градоначалници.

Анкетата веќе десетина дена е активна и предизвика навистина голем интерес кај граѓаните. По речиси повеќе од една недела гласање, на врвот според бројот на гласови е градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, веднаш зад него Ивица Коневски, потоа следи градоначалникот на општина Зелениково, последен на анкетата според бројот на гласови е Беким Мурати, градоначалникот на општина Карпош.

Ве потсетуваме дека во периодот меѓу 22.12.2012-15.01.2013 граѓаните имаат можност да го дадат својот глас за еден од градоначалниците на листата, по што  на свечена церемонија ќе биде доделено признанието за најдобар градоначалник, на оној кој ќе добие најмногу гласови од граѓаните.

Досега повеќе од 7000 гласачи гласале за најдобриот градоначалник, вашиот глас може да го дадете тука.

Настани