Check it out , there is some news in the tourist section >

Хладно Пиво за вжештена атмосфера


Кога: 24-08-2012


Каде: Летен клуб Хавана


Цена: 400 и 500 дена

Опис

Не делат уште неколку дена од екслузивниот самостоен концерт на најпознатата хрватска панк рок група Хладно Пиво во Скопје. Како што веќе најавивме, концертот на Хладно Пиво ќе се одржи на 24-ти август во летниот клуб „Хавана“ со почеток во 21:00 часот. Овој концерт е во склоп на нивната актуелна турнеја „Кирбај и Котловина“, насловена по најновиот сингл од нивниот последен студиски албум „Свијет Гламура“, за кој групата во јуни го објави и видео спотот снимен на концертот во загрепска Арена.

Скопската публика ќе има ексклузивна можност да ги доживее Хладно Пиво на самостоен концерт, на кој не очекува двочасовен настап со нивниот респектабилен дводецениски авторски опус исполнет со панк рок енергичност, фасцинатна музичка подготвеност и препознатливата одлична комуникација со верните обожаватели кои покажаа дека секој пат ги знаат стиховите на речиси сите песни на Хладно Пиво.

Во меѓувреме, загрепските одметници Хладно Пиво со полна пареа ја продолжуваат својата актуелна турнеја во чии рамки речиси секојдневно на своите фанови ширум регионот им приредуваат нови незаборавни концертни искуства. Таков беше и нивниот последен настап завчера, на белградскиот „Бирфест“, каде ја одбележаа втората фестивалска вечер со еуфорична атмосфера за време на енергичниот концерт.

На концертите кои Хладно Пиво ги одржа досега во рамките на оваа турнеја, се покажа дека фронтменот Миле Кекин е сосема во право кога тврди дека Хладно Пиво е пред сѐ концертен бенд, што е очигледно и лесно може да го почувствуваат или да го признаат и оние кои не спаѓаат во нивните најверни фанови или поклоници на ваквиот музички рок правец и светоглед.

За повеќе информации околу картите на следниов линк.

Локација

Настани