Check it out , there is some news in the tourist section >

Елементал на Пиволенд


Кога: 03-09-2012


Каде: Паркингот пред СЦ Борис Трајковски


Опис

Најактивниот хрватски хип-хоп состав Елементал ќе одржи концерт пред македонската публика како еден од хедлајнерите на четвртата фестивалска вечер на Пиволенд.

 

Елементал е бенд чија музичка основа е во рап музиката, но во нивниот звук можат да се најдат елементи од различни стилови што ги прави единствени и оригинални.

Специфичноста на овој бенд извира и од нивните остри текстови и интересна инструментална подлога кои се вклопени во автентичниот звук на Елементал.
 
Тие никогаш не ја сметале својата музика како производ, туку како уметничко изразување. Бендот датира од 1998-ма година, стартувајќи како трио и постепено прераснувајќи во септет, што е нетипичен состав за рап сцената.

Елементал се веќе докажани како еден од поуспешните концертни бендови во регионот, препознатливи по искрениот став, експлицитните и социјално освестени текстови и блискиот однос со публиката кој е приоритет на бендот.

Локација

Настани