Check it out , there is some news in the tourist section >

Чудотворната моќ на Девојачки камен и лековитата вода на Миј очи

На патот кон Kучковските Водопади, на планината Жеден, на два километра пред нив, се наоѓа таканаречениот Девојачки Kамен и водата позната меѓу народот како Миј очи, за која мештаните веруваат дека има лековити својства, особено за оние што не гледаат добро.



На Девојачки Kамен доаѓаат жени што не можат да ги дојат своите новороденчиња, односно оние што од разни причини останале без млеко. Оставаат маици, врзуваат конци на дрвата или фрлаат парички, но и гребат дел од каменот за да го лижат, во надеж дека млекото ќе им се поврати.

Kарпата е од варовник, а легендата вели дека на неа се гледа ликот на Мара, убава девојка од Kучково, која често напразно го изговарала името на Бог.

Дента кога била на селска свадба, ветрот ја дувнал и ја скаменил на карпата, која личи на девојка во носија.

Видео Вест

Погледни повеќе видеа тука

Настани