По беспрекорното бодрење на ракометарите за време на Европското првенство во Србија, како и Олимписките квалификации во Шведска, македонските навивачи од денес се спреми за неуморно да ја бодрат нашатата репрезентација низ сите натпревари кои следат во рамки на светското првенство во Ракомет.
Да се биде или не. Со тој императив се наметнува денешниот дуел на македонските ракометари со селекцијата на Чиле. Избраниците на Звонко Шундовски мораат да одат на победа за остварување на целта, а тоа е пласман во следната фаза на Светското првенство во ракомет.
Предводени од Кире Лазаров, кој изминативе години ни’ донесе толку ракометни радости и речиси сме сигурни дека денес Македонија ќе извојува сигурна победа.
Навивачи кои од сите странски медиуми беа оценети како фантастични, како неверојатни и кои веруваат, како и сите ние во победа и денес ќе го дадат својот максимум.
На крајот ни останува сите да се обоиме во црвено и жолто, срцето наше да почне во чука во 7/8 такт и сите заедно да ја бодриме Македонија. Сите заедно да стигнеме до една голема победа. За Македонија!
TweetПогледни повеќе видеа тука