Загубарот ОХИС доби нов директор. Од компанијата официјално информираат дека Леко Ристовски е човекот кој ќе раководи со компанијата која со години прикажува милионски загуби.
Надзорниот одбор, како што информираат од ОХИС донесе одлука Ристовски да биде генерален директор и претседател на Управниот одбор, а за членови на УО се избрани Илија Илијовски, Тони Јакимовски и Тони Димитриоски.
Компанијата ОХИС со години се наоѓа во исклучително тешка финансиска состојба, платите доцнат, вработените протестираат, а ниту еден тендер за продажба досега не беше успешен. Се очекува новото раководство да најде модел за излез од таквата состојба.
Леко Ристовски е непознат за јавноста. Единствена информација која може да се најде во медимите е дека досега бил кандидат за советник од владејачката партија.
Погледни повеќе видеа тука