Општина Гази Баба распиша конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на општина Гази Баба за 2013 година за финансирање на проекти на здруженија на граѓани и фондации.
Распределбата на средствата од Буџетот на општина Гази Баба за финансирање на проекти на здруженијата на граѓани и фондации од локален интерес, ќе се врши врз основа на овој Конкурс, за следниве области: граѓанско општество и демократизација, човекови права, култура, здравство, социјално-хуманитарна работа, информации, спорт, млади, образование, екологија и меѓународна соработка.
На конкурсот може да учествуваат здруженија на граѓани и фондации чие регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба.
Tweet