Check it out , there is some news in the tourist section >

Приказна која дожакува дека љубовта е вечна

Помина денот на љубовта. Без разлика дали го славите или презирате Св. Валентин, приказната за специјален букет испратен на празникот на вљубените сигурно ќе ве разнежни повеќе од било кога.

„Јас и мојот мил сопруг Џон бевме во брак 46 години. На секој Св. Валентин тој ми испраќаше најубави цвеќиња со порака од пет едноставни збора: Мојата љубов кон тебе расте. Четири деца, 46 букети и еден животен век полн со љубов беа неговото наследство за мене кога почина пред две години.“

„На мојот прв Св. Валентин без него, 10 месеци откако го изгубив, се шокирав кога добив прекрасен букет адресиран до мене... од Џон. Налутена и скршена од тага се јавив кај цвеќарот за да им кажам дека направиле грешка. Цвеќарот ми врати: Не госпоѓо, не е грешка. Пред да почине, вашиот сопруг претплати за многу години однапред и побара од нас да му гарантираме дека ќе продолжите да добивате букети за секој Св. Валентин. Срцето ми застана во грлото, го спуштив телефонот и ја прочитав картичката. Таа велеше: Мојата љубов за тебе е вечна.“

Сеуште не е јасно во кое списание е објавена пораката на 68-годишната Сју Џонстон. Но, едно е сигурно - тоа дека никого не оставила рамнодушен.

Настани