-Животот од нас ја бара само силата која ја поседуваме.
-Не верувајте во судбина, едноставно поради фактот што ја имате моќта да влијаете на неа.
-Секој ден со себе носи своја цел. Ние треба да дадеме сè од себе за да ја исполниме таквата цел.
-Уништете ги сите мостови. Заборавете на патиштата од минатото. Не размислувајте за друга опција, освен за победа. Осигурете се дека не постои друга опција освен да се движите напред. А, сега кажете ми што можете да изгубите? Животот е убав.
-Успехот значи различни нешта за различни луѓе. Најпрвин дефинирајте што успехот значи за вас, а потоа секој ден правете мали чекори за да го постигнете. Успехот преку ноќ се случува само во филмовите.
-Изолирајте се себеси од туѓите идеи за тоа што е правилно и што треба да биде направено.
-Живејте едноставно, ценето го искуството, направете разлика.
-Раните ни покажуваат каде сме биле, а не каде одиме.
-Здравиот ум е вашето највредно богатство.
-Имајте страст и верба во сè што правите.
-Смејте се на секоја личност што ќе ја сретнете. Можеби тоа е единствената насмевка што таа личност ќе ја добие во текот на денот.
-Потребно е одредено време додека сфатите дека единствената личност која може да ги направи реални нештата во вашиот живот сте вие.
-Доколку секогаш се споредуваме со другите, никогаш нема да најдеме начин да го подобриме сопствениот живот.
-Никогаш не донесувајте одлуки кога сте лути или уморни.
TweetПогледни повеќе видеа тука