Сексуалната монотонија е сосема нормална појава во долгогодишните врски. Меѓутоа, двојките не би требало да се прилагодуваат, туку да се борат против неа. Постојат различни начини преку кои можат да се вратат искрите кои биле како на почеток на врската. Потребно е само да ја разбудите фантазијата и да воведете некои иновации во својот љубовен живот. Крајниот производ ќе биде поексплозивен отколку што сте мислеле, а вашата љубовна половина ќе биде воодушевена. Време е за промени.За почеток ви нудиме 10 жешки предлози за да ја зачините страста вечерва.
Имајте афера со партнерот
Договорете заедничко излегување и на состанокот дојдете одвоено. Можеби ви се чини лудо, но никогаш не можете да знаете колку оваа игра може да биде возбудлива и секси.
Играјте улоги во кревет
Маскирањето е убав начин да се зачини сексот. Можете да бидете лекар, пациент, професор, војник. За вашата фантазија само небото е граница.
Однесувајте се како тинејџер
Понекогаш дозволете си го тој луксуз да се однесувате како двајца вљубени тинејџери. Држете се за раце.Посетете ги местата на кои сте биле додека сте биле вљубени.
Практикувајте малку повеќе предигра
Добар начин да си го зачините вашиот сексуален живот е малку повеќе да се занимавате со предиграта. Делете комплименти, шепотете на уво, галете се и добрата предигра ќе резултира со уште подобар секс.
Практикувајте импулсивен секс
Бидете диви, импулсивни и страствени. Изненадете го партнерот или партнерката, впловете во сексот непланирано,набрзински и жестоко.
Во спалната соба воведете секси играчки
Запознајте се со нови секси помагала. Посетете го локалниот секси шоп и побарајте лубриканти, секси играчки и се што може да ги поттикне вашите сетила.
Чувствувајте се секси
Направете нешто убаво за себе за да се чувствувате секси. Нека биде по ваш избор!
Кажете ја својата фантазија
Доколку му се допадне на партнерот, потрудете се фантазијата да ја претворите во реалност.
Некое време воздржувајте се од секс
Избегнувајте да водите љубов некое време и договорете се со партнерот дека тоа ќе го направите по излегувањето. Ова може да биде возбудливо, вреди да се проба.
TweetПогледни повеќе видеа тука