За сите нас постојат денови кога ни се чини дека универзумот сковал одличен план сè да е против нас. Многу често немаме контрола врз работите што ни се случуваат во текот на денот, но секако дека можеме да имаме контрола како реагираме во моментите и деновите кога работите се свртени против нас. Дали реагираме со силни емоции и фрустрација носејќи ги лошите чувства насекаде, во текот на денот? Или пак, погледнуваме кон реалноста , прифајќајќи ги работите не дозволувајќи целиот ден да се претвори во катастрофа?
Но, како да го претвориме лошиот ден во малку подобар? Најпрвин треба да го промениме начинот на кој што размислуваме. Но, многу често ни треба малку повеќе од тоа. Ова се неколку начини како да си помогнеме себеси во лошите денови.
Прегратка
Не постои ништо подобро од прегратката за да се подобрат работите. Една од најдобрите работи за прегратките е дека таа не е успешна, доколку и двете страни не вложат напор. Тоа е win win ситуација. Давање и земање. Затоа, прегрнете ги оние кои ви значат. Но, не го правете тоа само онака. Тоа нека биде прегратка во која сте целосно внесени, прегратка која ви значи.
Смејте се
Најдете нешто за што ќе се насмеете, гласно. Јавете се на вашиот пријател кој секогаш има добра шега или едноставно погледнете на сајтовите кои ги обожавате. На крајот на денот, изберете некоја од комедиите кои ќе ви помогнат да заборавите на лошите нешта кои се случиле во текот на денот.
Направете листа на работите кои ве прават среќни
Не сте го направиле ова никогаш? Обидете се. Може да биде листа на мали нешта, како возење велосипед, убави колачи, зелен бран на семафорите, сè што ви носи дури и најмала доза на среќа. Можете и да размислите за лошиот ден и да се сетите на сите убави, мали нешта во него.
Пуштете музика
Пуште музика и играјте. Играјте како никој да не ве гледа.
Излезете надвор
Дозволете свежиот воздух да ви ги разбистри мислите. Прошетајте се, погледнете во природата. Начинот на кој таа функционира, според природните закони.
Вдишете и издишете
Кога сме под стрес, соочени со нервоза и фрустрација тоа влијае и на нашиот нервен систем, носејќи не до работ. Вдишете и издишете неколку пати. Тоа ќе ви помогне да го балансирате нервниот систем, ослободувајќи се од стресот.
Испотете се
Каков и да е вашиот омилен начин, испотете се. Одете во теретана, трчајте, вежбајте јога или имајте секс.Забрзајте го срцето. Тоа ќе го стимулира лачењето на ендорфинот што ќе ви помогне да заборавите на лошото расположение.
Направете мало добро дело
Не морате да правите ништо посебно. Направете нешто само заради тоа што можете. Без планови и без очекувања. Уште подобро, направете добро дело, анонимно. Тоа ќе влијае како магија на вашето лошо расположение.
TweetПогледни повеќе видеа тука