Веројатно веќе знаете дека храната богата со анти-оксиданти го спречува негативното влијание на слободните радикали во нашето тело. Антиоксидантите нè штитат од прерано стареење, различни заболувања, па дури и од прекумерна тежина. Најдобриот начин за да си помогнете себеси е во својата исхрана да вклучите храна богата со антиоксиданти.
Но, што е најдобриот избор?
Какао - какаото е еден од најдобрите извори на антиоксиданти. Полифенолите кои ги содржи какото помагаат во губењето на меморијата и прекумерната тежина. Обидете се кафето да го замените со какао или пак да испиете чаша какао пред спиење.
Чиа - Чиа семето е најдоброто семе за вас. Таа е богата со антиоксиданти кои имаат моќ да ве држат свежи долго време. Додадете ја во вашите сокови или јогурт.
Боровници – овие мали плодови нудат многу бенефити за нашето здравје : ја подобруваат меморијата, помнењето, но и балансот. Дополнително, тие ги намалуваат воспаленијата и го забавуваат стареењето на мозокот.
Јагоди – јагодите содржат антиоксиданти кои им обезбедуваат витамин Ц, но и флавоноид кој ја подобрува меморијата.
Гоџи – гоџи бобинките се богати со бета каротен, како и лутеин и зеакстанин, кои го подобруваат здравјето на очите, но и го спречуваат стареењето. Тие исто така, го поттикнуваат лачењето на хормони кои се важни за обновување на клетките.
Цвекло – овој зеленчук е богат со антиоксиданти наречени беталаини, кои обезбедуваат анти-воспалителна поддршка на нашето тело.
Лосос – оваа риба нуди многу бенефити поврзани со спречување на стареењето, но и обновување на клетките во нашето тело.
Семки од сончоглед – сончогледот е најдобар извор на витамин Е, кој е познат по тоа што го намалува ризикот од срцеви заболувања, го подобрува имунитетот, ја чува нашата кожа и го намалува ризикот од кожни заболувања. Конзумирајте ги како ужина, кога ќе се соочите со зголемен апетит.
Црвено вино - црвеното вино е богато со полифеноли, кои се одлични антиоксиданти за целото тело. Се препорачува 1 чаша вино, на дневна основа.
TweetПогледни повеќе видеа тука