Check it out , there is some news in the tourist section >

Sport Vision со ранци и училишни сетови ги подготви учениците за новата учебна година!

Еден ден пред почетокот на училишната година, Sport Vision Македонија со голема предучилишна акција ги подготвуваше учениците за новата учебна година. Многу насмеани детски лица ги напуштија продажните салони со училишни ранци и училишни сетови, кои веројатно ќе бидат и најчестиот аксесоар на учениците во оваа школска година.

„Навистина сме задоволни како помина целиот настан, како и целата акција Back 2 School која беше актуелна во текот на целата измината недела. Покрај неа, во текот на викендот беа понудени и огромни попусти, со цел родителите да можат да им купат парчиња од најпознатите светски брендови, а сето тоа да не го дооптовари нивниот буџет. Sport Vision Македонија секогаш сака да ги направи среќни своите купувачи, па ова беше одлична прилика со многу подароци и попусти да изнудиме насмевка на сите оние кои на 1ви Септември започнаа со учебната година, но и на лицата на нивните родители”, изјавија од Sport Vision и најавија уште многу интересни активности во текот на месеците кои следат.

Покрај Back 2 School кампањата и попустите, Саботната предучилишна еуфорија беше надополнета и со многу изненадувања и подароци кои се доделуваа во продажните салони. Насмеаните детски лица беа вистинска оценка на акцијата, која беше идеалната формула за честитање на среќна и успешна училишна година на секое дете.

Настани